Пациентот со маска за кислород во возилото за брза помош – екипата на кафе кај бензинската пумпа!

МЕЏИТИ: АКО СЕ ДОКАЖЕ ПРЕКРШОКОТ, МЕРКИТЕ ЌЕ БИДАТ РИГОРОЗНИ

Со маска за кислород во амбулантата, на бензинската пумпа чека пациент, додека екипата на Брзата помош пие кафе, пренесува КланМ.

На видеото кое граѓанин го испрати до редакцијата на Клан М, се гледа дека регистарската табличка на Брзата помош е со струшки регистарски таблички.

За ова го прашавме министерот за здравство Фатмир Меџити, кому му го покажавме и видеото, додека тој рече дека доколку се докажат прекршоци, за вработените во Брзата помош ќе се превземат ригорозни мерки.

Министре, откако побаравте конкретен случај, ви прикажувам конкретен случај кога со пациент кој се превезува со брза помош екипата застанува и пие кафе на бензинска пумпа. Овде можете да го видите. Како го коментирате ова?

„Дали имате иницијали?

Не, но се гледа регистрацијата.

Можете ли да потврдите дека има пациент?

На видеото се гледа дека носи маска за кислород. Ќе видиме…”

-Какви мерки ќе преземете бидејќи на видеото се гледа дека има прекршок?

Ќе го расчистиме случајот. Дали е вистина или не? Ќе одлучуваме според законите на Македонија. Ве молам да го испратите до кабинетот, да видиме дали има пациент внатре, на видеото се гледа времето и датумот, ќе видиме кој пациент е префрлен од Струга во Скопје. Ве молиме секогаш да пријавите такви случаи“, рече Меџити.

Инаку, денеска Министерството за Здравство промовираше план со кој граѓаните ќе имаат подобар пристап до примарните здравствени услуги. /Клан Македонија

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share