Партиите на Албанците со ист став:Нема влез во Влада без уставни измени

Партиите на Албанците во Македонија потпишале документ со кој се обврзуваат дека нема да бидат дел од владата, без јасен договор за уставни измени, откри денеска претседателскиот кандидат, Бујар Османи. Убеден е дека измените ќе бидат направени пред формирањето на новата влада.

,,Нема билатерален договор, туку повеќето политички партии коишто се сега во различни блокови имаат потпишано документ во којшто се обврзуваат дека нема да бидат дел од влада без јасен договор за уставни измени. Затоа сум убеден дека прво ќе има договор, односно уставни измени, а потоа ќе има влада, а јас во тој период, како претседател, ќе го користам за постигнување на натпартиски и државен консензус по однос на овие прашања, изјави Бујар Османи – кандидат за претседател на „Европски фронт“.

Деновиве, во телевизиско интервју, и кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, откри дека уставните измени ќе бидат нивни услов за влегување во влада, како и дека, со ДУИ имаат џентлменски договор. Иако до сега велеше дека само ќе бара гаранции дека измените ќе се случат во одреден временски период, овојпат ја обелодени и временската рамка.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски пак, ова го прокоментира како предизборен фолклор. Тврди дека уставните измени нема да бидат вклучени во преговорите за влада, а условите на сите партии ќе се диктираат по 8 мај. Од оваа партија остануваат на ставот дека, доколку Бугарија сака какво било придвижување во однос на ова прашање, мора да ги спроведе пресудите на судот во Стразбур.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share