Палевски: Не бев во бегство, не смеам да говорам поради истрагата

Првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски негира дека бил во бегство.Додека полицијата го спроведуваше, на излегување од Кривичниот суд, каде беше пред судија на претходна постапка, прашан : Зошто се даде во бегство, се слуша како тој кратко одговорс „ не сум бил во бегство, не смеам да говорам поради истрагата“.

Додека полицијата го внесуваше во зградата, новинарите го прашаа и дали ќе се брани со молчење, тој исто така одговори негативно.Неговиот одговор гласеше „да“ на прашањето дали има докази со кои може да докаже дека е невин.

Носењето на Палевски во Кривичниот суд беше очекувано дека ќе се случи оваа недела, откако од Судот минатата недела соопштија дека од истражниот затвор во Шуто Оризари го добиле официјалното известување за неговата екстрадиција. Покрај за екстрадицијата, Судот добил известување и за барањето на Палевски за ангажирање адвокат што ќе го застапува во текот на постапката.

Поврзани објави
Total
0
Share