Пазарниот инспекторат затвори два маркети

Пазарниот инспекторат издал две решенија затворање на маркети, информираше денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Најави и дека пазарните инспектори ќе вршат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.

-Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите), вели Трајковски.

Директорот на ДПИ во својата објава на Фејсбук порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите.

Поврзани објави
Total
0
Share