Падна снег во Хрватска и БиХ

Во поголемиот дел од регионот пристигна многу очекуваната промена на времето, а снег падна во делови од Хрватска и Босна и Херцеговина.

Во текот на ноќта во Загреб падна снег, што доведе до создавање на тенок слој снежна покривка на теренот и возилата. Во Сљемен снежната покривка достигна 25 сантиметри, а најавена е лапавица и во пониските предели, пренесува Index.hr.

Во Бања Лука утрово паѓа снег. Со оглед на тоа што вчера температурата беше повисока од 20 степени, многу жители не ни помислуваа дека денеска може да падне снег, пишува Независне новине.

Поврзани објави
Total
0
Share