ОЈО ГОКК со детали за уапсените затворски полицајци

Од обвинителството соопштија дека 17 приведени лица во затворската служба на најголемиот затвор Идризово се приведени и осомничени поради помагање на затвореници при бегство со неприменување на правилата. Апсењето е поврзано со бегство на затвореник кој бил носен во приватна болница на лекување.Обвинителството соопшти дека затвореникот надвор од правилата бил носен на наводни лекарски интервенции во приватна болница од каде излегувал и се шетал по Скопје, додека затворските полицајци го чекале во болничкиот апартман, сами без да го пријават оддалечувањето на осуденикот од Идризово.-На 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со патничко возило да се даде во бегство, соопшти обвинителството.Осомничените затворски службеници не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените затворски полицајци од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници на СВР Скопје.Останатите во период од една недела на истиот затвореник му овозможувале да оди во болница, на наводни третмани, а тој си излегувал, се шетал и низ Скопје го гледале пријатели, но и други граѓани кои знаеле дека тој издржува затворска казна за убиство.Затворските полицајци утрово биле повикани во полициска станица и тогаш биле приведени иако по повикот сметале дека најверојатно ќе учествуваат во нова акција во затворот Идризово. За 6-мина затворски полицајци кои го чекале затвореникот во болнички апартман додека тој избеган се шетал низ главниот град, обвинителството бара притвор.

Поврзани објави
Total
0
Share