Османи: Универзална човекова должност е да се осуди која било форма на геноцид

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е изненаден од реакциите по објавата дека Република Северна Македонија е меѓу 17 држави кои ја коспонзорираа Резолуцијата на Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Пред сѐ, рече, е изненаден од луѓе кои сметаат дека тоа влијае на односите со Србија, нагласувајќи дека е „универзална човекова должност да се осуди која било форма на геноцид, независно кои се сторителите“.

-Не очекував реакции, дури сум малку и шокиран од реакциите на дел од граѓаните кои мислам дека се поттикнати од одредени политички партии.

Не смееме да реагираме на оваа тема зашто ова прашање влегува во делот на негирање на геноцидот и тоа е строго забрането. . .

Веќе има одлука на Меѓународниот суд на правдата што неделата во Сребреница ги имаат прогласено за геноцид и тие судски одлуки веќе ниту може да се коментираат, ниту да се интерпретираат.

Република Северна Македонија во 2010 година во Парламентот има донесено декларација со која се поддржува Европската резолуција за прогласување геноцид во Сребреница.

Така што, мислам дека овие реакции и интерпретации се жални, бидејќи немам дилема дека кој било граѓанин во Република Северна Македонија нема да го осуди убиството во еден ден на над 8000 цивили – деца, возрасни, кои биле истребени, иако со одлука на Советот за безбедност било прогласена безбедна зона, изјави Османи од седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз каде што пред неговата изјава беше организирана панел-дискусија.

Коспонзорирањето значи дека државава е дел од иницијативата, предложена од Босна и Херцеговина, и со другите земји коспознори учествува во составувањето на текстот на резолуцијата.

Таа денеска ќе биде претставена пред Генералното собрание на Обединетите нации пред гласањето на 2 мај.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share