Османи: Покрај државниот консензус за ЕУ, мора да има и економски државен консензус

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи со конкретен акциски план за економски раст на Северна Македонија преку постигнување национален конзензус и формирање национален совет. Во серијата средби со различни чинители на државата, денеска Османи реализираше средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија.

,,Ќе предложам како Претседател на државата да се создаде национален совет за економски раст, со кој ќе претседава Претседателот како креатор на државен консензус а во кој ќе учествуваат поголемите политички партии од двете етнички заедници, но и претставници на заедниците под 20%, регулаторите, бизнис заедницата, синдикатите, Организацијата на потрошувачите, Академијата, невладините организации и останатите интересни групи, како еден вид на државен управен борд, со цел постигнување на државен консензус по однос на клучните параметри и регулативи за еден забрзан и оддржлив развој” презентираше Османи дел од неговата визијата за земјата.

„Овој борд или овој национален совет би имал пет работни групи: една за ефикасна администрација, ефикасни институции и професионална администрација, втора за оддржливи финансии, третата работна група за дигитализација, четврта за човечки капитал и петта, за инфраструктура. Во секоја од работните групи покрај експертите од чинителите кои што ги спомнав, би имало и меѓународни експерти и би имало наши претставници од дијаспората кои што се интегрирани во нивните општества со цел да се пренесат нивните искуства. Овие работни групи ќе предложат политики, закони, регулативи, параметри до овој национален совет, овој државен совет за постигнување државен консензус, кој што ќе ги одобри. Очекувам во првите шест месеци да се направи првиот предлог. Тогаш политичките партии ќе ги усвојат тие закони и тие регулативи, без расправа. Владата заедно со опозицијата ќе ги имплементира и ќе ги мониторира” истакна Османи.

Според Османи, нашата економија е жртва на постојаните циклички политички кризи а со преговорите со Европската Унија, земјата покрај државниот консензус за ЕУ мора да има и економски државен консензус по однос на општите параметри.

„Дали групата за оддржливи финансии ќе предложи дефицитот да не биде повеќе од 3 % и тоа ќе биде усвоено од страна на овој борд, што значи и од позицијата и од опозицијата и од чинителите, тогаш секој мора да го почитува и без расправа тоа да го имплементира. Ако надворешниот долг не треба да биде над 60% сите чинители ќе го почитуваат тоа. Исто како што е со регулативите и директивите на ЕУ, тие се фиксни, тие не се преговараат, тие само се имплементираат. Затоа сметам дека оваа ќе биде еден нов квалитет во постигнување на еден оддржлив и забрзан раст” заклучи Османи.

Преку изборната програма, Декалогот на Европскиот претседател, Османи предвидува и директно учество на Претседателот во пет надворешно-политички иницијативи, во кои заедно со бизнис заедницата ќе ги претстави економските потенцијали на државата надвор од земјата.

Поврзани објави

Скендер Реџепи Зејди: За прв пат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се здружуваат да одбранат антиалбански и националистички политички концепт

Скендер Реџеп Зејди од „Европски фронт“ во емисијата КЛАН дебата, ја осуди соработката на двете главни политички партии…
Повеќе
Total
0
Share