Османи од плоштад Македонија ги повика граѓаните да се мобилизираат

Од плоштадот „Македонија“, Османи ги повика граѓаните да се мобилизираат, бидејќи според него, постојат реални шанси како кандидат Албанец да помине во вториот круг.

Кандидат е на девет политички партии и четири заедници, рече Османи, кои вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Северна Македонија. Вели пораката за мобилизација е историска, додека пак, Северна Македонија е држава на два народа.– Ве замолувам да се мобилизирате, да овозможите да се пробие оваа бариера, бидејќи се создава еуфорија. Затоа ве повикуваме луѓе, за да ја оствариме оваа историска победа, да одиме во вториот круг – рече Османи.Османи во своето обраќање рече дека настаните од 27 април се последица на изборот на Албанец за претседател на Собранието, Талат Џафери. Вели се уште се свежи настаните од 27 април, истакнувајќи ги како едни од најстрашните во историјата на земјава.Осврнувајќи се за настаните на 27 април, претседателскиот кандидат вели животот на претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села бил доведен до прашање.– Пред седум години, речиси точно на денешен ден, некаде на стотици метри од ова место, таму во Собранието на Северна Македонија се случија најстрашните настани од поновата историја на нашата држава. Се сеќавате на настаните од 27 април, пред нас се уште се крвавите слики на нашите пратеници. Која беше причината? Дека Талат Џафери стана претседател на Собранието. Што беше проблемот? Само тоа што бил Албанец и ништо друго. Се уште се сеќавам на сликите на Зиадин Села кој тој ден за малку ќе го загубеше животот – рече Османи.

Поврзани објави
Total
0
Share