Османи од Охрид: Ова се специфични избори, понудата е меѓу два алтернативни принципи

Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт Бујар Османи во рамки на кампањата за претстојните претседателски избори денес оствари средба со охриѓани.

Османи ја искористи средбата со граѓаните за да ја сподели својата визија и заложбите, фокусирајќи се на планираната политичката агенда и заложбите како следен претседател.Ова се специфични избори, историски, во коишто понудата е меѓу два алтернативни принципи, интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензии, прогрес наспроти враќање назад. Тоа се две понуди кои им се даваат на граѓаните на овие избори. Како кандидат на Европскиот фронт ја нудам интеграцијата во Европската Унија и тоа во наредните пет години, како заокружување на овие седум години напори да станеме членка на Европската Унија како министер за надворешни работи. Ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со Европската Унија, како претседател можам да ветам дека ќе го заокружам тој процес и до крајот на мандатот да станеме членка на Европската Унија, рече Османи.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share