ОСМАНИ: Не треба да се прашувате дали Османи е Албанец или е Турчин, туку дали покажал дека може да се справи со тешки предизвици

Претседателот на државата треба да биде сврзно ткиво на различните политички и етнички наративи. Неговата улога е татко на нацијата и треба да е креатор и постојано да повикува на постигнување на државен консензус – државен политички консензус, меѓутоа и државен економски консензус. Пред се, консензус за забрзано членство во Европската Унија, истакнува во интервју за МИА претседателскиот кандидат на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи.

Тој наведува дека меѓу столбовите на неговата изборна програма ќе биде Европската Унија до 2030 година, ќе понуди повеќе интеграција пред членство во Унијата, а во интервјуто за МИА најави и иницирање на економски рамковен договор. Нагласува и дека се созреани условите граѓаните да гласаат за компетентноста, а не за етничка припадност и очекува поддршка од граѓаните од сите етнички заедници. Оценува дека постојат сериозни шанси граѓаните овој пат да ги надминат етничките линии и да се одлучат за кандидат којшто може да обезбеди прогрес на државата.

Во мисијата и визијата на претседателот на државата според мојата перспектива е претседателот прво да биде компас на геостратешката ориентација на државата. Тоа е многу важно прашање посебно во услови на надворешни малигни влијанија. Второ, претседателот треба да биде сврзно ткиво на различните етнички и политички наративи. Северна Македонија е една од најуспешните функционални мултиетнички демократии не само во регионот, туку и пошироко. Столбот на стабилноста, на прогресот на оваа држава е меѓуетничката хармонија, функционалната мултиетничка демократија. Јас сметам дека претседателот на државата ја има таа улога да биде сврзно ткиво, да биде лепак на тие различни наративи коишто често може да бидат и контрадикторни. Меѓутоа, улогата на претседателот е од различностите да создаде предност, а тие различности дополнително да се поттикнуваат. наведува Османи.

Тој наведе дека освен тоа што ќе се залага за членство до 2030, ќе го предложи и концептот повеќе интеграција пред членство, со цел, како што посочува, граѓаните да ги почувствуваат бенефитите од преговорите со Европската Унија уште пред самото членство – пристап до фондовите, пристап до пазарот и пристап до политичките тела на Европската Унија.-Потоа, предлагам економски рамковен договор како што постигнавме државен консензус по однос на Охридскиот рамковен договор – сите партии од целиот политички спектрум, ако треба и меѓународна помош. Меѓутоа, постигнавме одредени цели дека меѓуетничките односи ќе се развиваат во одреден правец и колку и да има незадоволство во моментот тоа е само перцепција, меѓутоа од перспектива на стратешкиот развој на државата мислам дека државата се стабилизираше и имаме меѓуетничка хармонија, функционална мултиетничка демократија за која што треба да се гордееме. Мислам дека сега е време да се концентрираме на економски рамковен договор,потенцира Османи.

Вели дека главна причина зошто се кандидирал за претседател било тоа што бил во сржта на најважните процеси на државата, од вицепремиер за европски прашања, министер за надворешни работи, во процесите за Преспанскиот договор, преговорите со Бугарија, како и преговорите со француското претседателство во однос на Преговарачката рамка и почетокот на преговорите по 17 години чекање.

-Сега како влегуваме во еден многу важен историски моментум сметам дека од позицијата претседател на државата може да се заокружи тој процес на европска интеграција која што е најважниот приоритет на граѓаните веќе 30 години бидејќи е без алтернативен процес по однос на стандардот на живот, во однос на задржувањето на младите овде, по однос на зголемување на квалитетот на живот на секој граѓанин. И често велам и без лажна скромност јас сум работник, имам домашно искуство, меѓународно искуство, ја водев најголемата меѓународна безбедносна организација во светот ОБСЕ и тие контакти коишто ги стекнав во текот на мојот мандат и како претседавач на ОБСЕ и како министер за надворешни работи во Европа, во светот, сметам дека ќе бидат од голема помош за државата и преку позицијата претседател да може да се претстави државата надвор, меѓутоа и да се исползат тие контакти со цел да си ги постигнеме нашите надворешно-политички цели, вели Османи за МИА.

За Османи, членството во ЕУ нема алтернатива, посочувајќи дека никој не успеал без Европската Унија од помалите држави во источниот блок.

Сите политички партии од двете страни на спектарот треба да постигнеме државен консензус дека ќе се натпреваруваме се разбира кој ќе понуди подобро решение за здравството, кој ќе понуди подобро решение за образованието. Меѓутоа, по однос на главните прашања членство во Европската Унија до 2030 година мора да си дадеме рака, мора да постигнеме натпартиски консензус. Тоа го направи Хрватска. Значи, премиерот и опозицијата во тоа време си подадоа рака пред јавноста и рекоа ќе се натпреваруваме за сите други прашања, но не по однос на прашањата на Европската Унија. На тоа се повикувам веќе неколку години како министер за надворешни работи. Мислам дека како претседател на државата тоа би ми бил прв приоритет постигнување на државен консензус по однос на ЕУ 2030, но и по однос на стратешките економски правци. Тоа е еден предлог којшто сме го разговарале со стопанските комори и тие се согласуваат дека политичките прашања, етничките прашања се’ повеќе влегуваат во некакви си шини и добиваат правец. Сега е време да постигнеме државен консензус по однос на економските прашања и развојот на државата и тоа ми било приоритет на постигнување на тој економски рамковен договор, вели Османи.Тој најави и дека како претседател на државата ќе иницира и формирање на меѓународен борд составен од НАТО, Европска унија и САД којшто би ги сертифицирале сите носители на јавни функции – од политичкиот живот, институционалниот, правосудниот систем и тоа по однос на два правца.-Првиот, дали имаат каква било конекција со рускиот интерес. Сметам дека е многу важно да поставиме ѕид на рускиот интерес во државата бидејќи ние историски сме виделе штета и македонскиот народ, и албанскиот народ и сите виделе штета од рускиот интерес и мора да изградиме ѕид на рускиот интерес. Значи, верификација дека ниеден носител на јавни функции не може да претставува руски интерес во оваа држава и второ, дали се инволвирани во какви било коруптивни дејанија. И предлогот ми е да никој не може да биде, да стане носител на јавна функција министер, директор, судија, обвинител без да го добие тој сертификат, нагласува Османи.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share