Османи на средба со еколошки здруженија

Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи, денеска ги посети еколошките здруженија во Неготино, општина Врапчиште.

Османи се залага за активна соработка со еколошките граѓански здруженија, за идентификување на најважните еколошки предизвици и потреби. Османи, ја изрази поддршката на инвестициите во зелената енергија, преку зголемување на капацитетите за искористување на сончевата енергија, енергијата на ветерот, како и поддршката на проекти за искористување на водата и гасификацијата, како еколошки прифатливи извори на енергија, како трајна определба во намалувањето на употребата на високо загадувачките фосилни горива.

Претседателскиот кандидат,Бујар Османи истакна дека како претседател ќе формира широк тим за еколошка валидација, кој ќе обезбеди проверка на проектите со значително влијание врз животната средина. Османи продолжува со посета на групите на интерес за да ги слушне внимателно нивните потреби и приоритети, со цел да се состави агендата на Демократската унија за интеграција.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share