Османи: Косово ќе биде членка на Советот на Европа, само е прашање на време кога

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, откако прашањето за членството на Косово во Советот на Европа денеска не беше ставено на дневен ред во Комитетот на министри, изјави дека „Република Косово ќе биде 47-та членка на Советот на Европа“ и дека тоа е едноставно прашање на време, јави дописникот на МИА од Приштина.Османи на својата официјална страница на „Х“ порача дека, на својот пат кон СЕ, Косово нема да прави компромиси со вредностите кои го сочинуваат темелот на државата.

„Република Косово ќе биде 47-та членка на Советот на Европа.Тоа е само прашање на време. На овој начин нема да ги нарушиме вредностите кои го сочинуваат темелот на нашата земја. Откако ќе стасаме таму, ќе продолжиме да се залагаме за столбовите дефинирани од Советот на Европа: човекови права, демократија и владеење на правото. Нема да служиме како продолжена рака на Русија или како модел на автократско однесување“, напиша Османи.

Поврзани објави
Total
0
Share