Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател на државата на Европскиот фронт Бујар Османи денеска ги демантираше и ги оцени како лажни вести обвинувањата од опозицијата дека наводно скрил важен документ од ЕК потпишан од 25 нивни членки освен од Грција и Франција дека до септември ќе не пуштаат со старите документи.

-Не е  точно. Ова е дел од таа фабрика на лажни вести коишто ја открија во ВМРО-ДПМНЕ.Знаете дека создале фабрика за пропаганда и лажни вести и тоа е дел од таа фабрика, која што мислам дека наредните денови повеќе и повеќе ќе се разоткрие.Во однос на пасошите засега не се проблем европските земји. Проблем е што МВР го има сменето Законот и ги има декларирано нашите пасоши за неважечки и граѓаните не може да ја напуштат нашата граница.Така што ние воопшто не сме стигнале до проблемот со границата на земјите од ЕУ.Граѓаните со наши пасоши не можат да ја напуштат нашата граница бидејќи од нашите закони се декларирани како неважечки.Додека за враќање ние ги имаме направено и преземено сите мерки никој да нема пречка да се врати.И јас досега не сум слушнал дека некој граѓанин не успеал да се врати во државата бидејќи не можел да помине низ земји членки на ЕУ, вели Османи на новинарско прашање по денешната дебата во Старата скопска чаршија во рамки на неговата кампања за претседател.

Поврзани објави
Total
0
Share