Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој вели дека Коалицијата Вреди која во моментов преговара со ВМРО-ДПМНЕ за составување на нова Влада не е легитимен претставник на Албанците, бидејќи како што вели коалицијата Европски фронт освоила повеќе мандати.

-Има разлика меѓу погледите и интересите на политичките партии од државните интереси. Наша обврска е волјата на граѓаните да ја преточиме во реалноста. Во предизборниот период имаше замислена пропаганда кај Албанците дека ДУИ се криминални, вели Османи притоа додавајќи:

-Еден глас да имаше „Вреди“ повеќе, јас ќе водев битка тие да ги застапуваат Албанците. „Вреди“ се малцински претставник. Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете наклонетоста на Македонскиот народ. Имаше добро смислена пропаганда во партиските центри против ДУИ, но, не го убеди албанскиот народ. Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци. Мандатарот има обврска да го почитува основниот договор меѓу македонскиот и албанскиот народ, изјави Османи.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share