Османи: Ако сака Влада, ВМРО-ДПМНЕ мора да се согласи на уставни измени

Нема да може да има Влада без договор за уставни измени, тврди претседателскиот кандидат и министер за надворешни работи Бујар Османи.Во интервју за Радио Слободна Европа,Османи рече дека очекува опозициската ВМРО-ДПМНЕ ако има мнозинство на парламентарните избори да се согласи на уставни измени со цел да формира Влада.

,,Нема да може да има Влада без договор за уставни измени. Тоа е јасна констатација на сите политички партии кои што сметаат дека Европската Унија е единствена алтернатива за нас. Така да, сите опции ќе бидат искористени, од можноста да се понуди и национална влада за спас.И затоа велам дека консензусот, државниот консензус, во овој критичен период е најважен, бидејќи земјата се наоѓа на крстопат.Избираме меѓу два правца. Светла иднина во Европската Унија или изолација, непредвидливост, безперспективност.Видете, јас не ги коментирам политичките партии во предизборниот период, бидејќи сме ги виделе нивните ставови пред и после формирање на влада. Јас зборувам за безбедноста на Европската Унија, безбедноста на Европа, која што зависи многу од консолидирање на безбедноста на Балканот.Така да, ова не е прашање кое што не засега само нас. Ова е прашање во кое што влог имаат внесено САД и ЕУ. Договорот со Бугарија, францускиот предлог односно преговарачката рамка, паѓањето на бугарската декларација во бугарскиот парламент е направено со голем влог на САД и ЕУ. Затоа сметам дека ова е многу по големо прашање отколку нашите политички игри овде,”рече Османи.

Во однос на тврдењата за руско влијание во земјава,Османи со став:

,,По однос на прашањето, видите, јас сум министер за надворешни работи на земја членка на НАТО, што значи дека имам пристап до сите информации со кои што располага НАТО. НАТО има во својот стратешки концепт прво дефинирано дека Руската Федерација е закана за НАТО земјите членки. Меѓутоа, од сите информации што ги имам, исто така има длабоко вмешување на Руската Федерација во внатрешниот политички и институционален систем. Во регионот веќе има воспоставено прокси-центри на силно влијание, меѓутоа и кај нас.Во политичките партии имаат силно влијање, во претседателските кандидати Руската Федерација има силно влијање.

Јас лично имам прогласено над 17 руски дипломати за персона нон грата во овој период поради тоа што биле фатени, како ги прекршуваат правилата на Виенската конвенција.

Мислам дека има кандидатка која што, директно, заговара излегување од НАТО, партијата што ја предлага, исто така во нивната платформа, е излегување на државата од НАТО, а тоа е директен руски интерес.

Рускиот амбасадор е на сите нивни настани, на кои ги промовираат своите политики, меѓутоа, исто така, има и други партии кои што се помалку видливи, но има и политичари, дури и во големите партии, кои што имаат директен линк со рускиот интерес.

Рускиот амбасадор во Подгорица јасно го изнесе рускиот став дека членството во Европската Унија веќе се смета за закана за националната руска безбедност. Ова е голем „шифт“ во ставот на Руската Федерација по однос на членството во Европската Унија.

И кога гледате партии во Република Северна Македонија и политичари кои што отворено заговараат за блокирање на процесот на интегрирање, преку минирање на Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, Рамковниот договор, тогаш ви е јасно дека Руската Федерација има најдено свој прокси-елементи во државата со кои што сакат да го кочат европското интегрирање на државата, бидејќи тоа според нив е закана за националната безбедност,,рече Османи.

Османи се осврна и на можните безбедносни ризици во земја од руското влијане за кое што говорите?

,,Прво е нарушување на меѓуетничките односи. Меѓуетничките односи се столбот на стабилноста, мирот, прогресот на оваа држава. Потоа е нарушувањето на, односно, уривање на договорите кои што исто така ја држат и се столбови на Евроатлантска Македонија. Преспанскиот договор за добрососедство и Охридскиот рамковен договор. Сето тоа е закана за државата.Се разбира, луѓето кажуваат, но ние сме НАТО членка. Да, НАТО создава отпорност. НАТО создава одредна предвидливост, безбедност, политичка и економска, но јас често велам и Естонија е членка на НАТО. Но Естонија гради бункери долж границата со Русија, затоа што е можен конфликт и војна меѓу НАТО и Руската Федерација,”потенцира Османи.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share