Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Откако вчера Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии одлучи да се укине поскапувањето на полисите за автоодговорност денеска со реакција се огласија осигурителните компании.Во неа се изразува разочарување од како што велат пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати регулаторот АСО, а врз основа на кои Комисијата ја намали цената на авто одговорноста.

Одлука на Комисијата за АО при МФ за враќање на цените на АО претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците”,велат осигурителните компании.

Поврзани објави
Total
0
Share