Операционите сали нема да проработат додека не се реши проблемот – набавени се шест надворешни компресори за итните случаи

 Министерот за здравство, Илир Демири, денеска на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност.

Според министерот, проблемот е хаварија во компресорската станица за кој се чекаат испитувања од Германија, како и истрага на Јавното обвинителство.

– ,,Додека не заврши ова испитување и не дојдат анализите од Германија кои се испратени, хируршки центар ќе се послужи со надворешни компресори, рече тој, дополнувајќи дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер. Салите на клинички се градени пред 30 години и инсталацијата за снабдување со кислород е е стара 30 години. Пред месец дена денешен имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на уље во тие цевки, по што тој компресор е исклучен од функција. Беа 3 компресори, почна клиниката да функционира со 2 компресори, ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции“, вели Демири.

Итните случаи на пациенти, како што кажа се пренесуваат во Општа Градска болница и во болницата „8 септември.

„ Ги чистевме цевките, но за поголема безбедност мораше да се сервисираат и да се исклучи системот. Побарав итно од менаџерите да поднесат барање и да се сервисираат истите компресори, но пред 9 дена се случи ист проблем. Без да има хаварија се појави лоша миризба, веднаш реагиравме и ангажиравме надворешни фирми. Фирмите Пегаз и Трегер ги повикавме да испитаат. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, побаравме од странска компанија и денес се испратени мостри во Германија. Од двете независни компании со лаборатории не виделе никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорките станици. “ потенцираше Демири.

Поврзани објави
Total
0
Share