ОН: Зачестени напади врз цивилното население во Украина и Русија

Интензивирани се нападите врз цивилното население и во Русија и во Украина“ – порачаа првите луѓе на ОН барајќи итен прекин на ударите врз овие цели и безбедна достава на хуманитарната помош. На седницата на Советот за безбедност што се одржа вчера, руската страна се правдаше дека нејзините цели не вклучуваат локации со население, додека Киев ги обвини и за кидиапирање на деца од Украина.
„Постојано и со конкретни примери докажавме дека нападите со голема прецизност од воздухопловните сили на Русија врз целите во Украина поврзани со воениот капацитет на режимот на Киев не претставуваат опасност за цивилите во таа земја кои не се во тие објекти“, изјави Дмитриј Полијански, постојаниот претставник на Русија во ОН.

 „Русија не само што намерно им нанесува штета на цивилите напаѓајќи важна цивилна инфраструктура, училишта и болници во Украина, туку и продолжува со ужасната пракса на киднапирање украински деца“, изјави  Сергеј Кислица, постојаниот претставник на Украина во ОН.

Во меѓувреме, борбите продолжуваат и на двете страни на границата. Според Москва, над Ростовската, Курската, Волгоградската и Белгородската област се соборени над 40 дронови, а седум контраофанзиви се одбиени. Киев наведе дека армијата под негова команда урнала најмалку 30 руски беспилотни летала, додека во Криви Рог се слушнале повеќе експлозии.
Турција се понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу Москва и Киев. Кремљ, пак, бара седница во Советот за безбедност на ОН на 22 март.

Поврзани објави
Total
0
Share