Од денеска сите трансакции во готовина во Косово мора да се вршат во евра, затоа што денеска заврши преодниот рок од три месеци, кој го одреди Централната банка на Косово. Како што јави РТК, од утре ќе се преземаат мерки против сите оние кои за готовински трансакции користат други валути освен евра.Во овој преоден рок не биле изречени казнени мерки, туку граѓаните беа информирани за примената на регулативата за готовинско плаќање. Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добиле инструкции да отворат нови филијали на северот.Другите валути освен еврото можат да се користат во Косово како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се во евра, за извршување на меѓународни плаќања во валути што не се евро и за девизни активности, се вели во декретот на ЦБК.Косовскиот премиер Албин Курти, на неодамнешното прашање за крајот на преодната фаза, повтори дека за вакви прашања одлучува Централната банка на Косово, а не извршната власт.
Поврзани објави
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13
Грција предлага ЕУ привремено да ги прифати децата погодени од војната во Газа
Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од војната во Газа се додека трае конфликтот, изјави…
19.06.24 09:35