Од утре во градинките нема да се примаат  невакцинирани деца

Од утре стапува на сила одлуката на Министерството за здравство, делумно или невакцинираните деца со Ди Те Пер против Голема кашлица, да не бидат примени во градинките низ државата, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведува вонредни контроли
Одлуката на Министерството за здравство дојде по цел месец откако беше прогласена епидемија на Пертусис во Скопје. Иако делат иста зграда, ДСЗИ дури на 8 март ја доби одлуката од министерството за вонредни инспекциски контроли во градинките и за забрана за прием на невакцинирани и делумно вакцинирани деца, за што Инспекторатот ќе издава решенија. Одговорни лица во градинките ќе треба да изготват список на сите невакцинирани деца.  Нема да се примаат ни деца со други инфекции, а за секое поголемо отсуство на дете од градинка ќе треба да биде информиран Центарот за јавно здравје.
Минатата недела беа регистрирани 50 нови случаи на заболени од  голема кашлица  Инфекцијата најзабрзано се шири во Скопје, каде од 1 до 7 март има  43 новозаболени, а  за првпат болеста  е потврдена во Битола, Кочани и Кавадарци, каде засега има по 1 инфициран.  Најбројни се децата од 10 до 14 години, со вкупно 15 заболени , а 4 бебиња се хоспитализирани.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share