Од понеделник во градинка деца со три дози вакцини против пертусис

Комисијата за заразни болести препорача- министерството за здравство ја потпиша одлуката од понеделник децата со примени три дози ДиТеПер вакцини да одат во градинка, но со услов ревакцина  во наредните шест месеци.
„Очигледно е дека проблемот е во градот Скопје и мислам дека овие епидемии ќе не освестат дека треба да се вакцинираат сите деца се со цел да не ни се случуваат  и да не ги враќаме заразните болести. Се повеќе ни стигаат списоци каде има деца кои не примиле досега ниту една доза на вакцините. Тоа е во наша надлежност. Ги контролираме тие списоци. Ќе излеземе од оваа ситуација. Оваа недела имаме добра соработка со градинките. Трпение и за родителите, зашто не е во ред да враќаме заразни болести, веќе сме 21 век“, вели Рената Младеновска ДСЗИ.

Поврзани објави
Total
0
Share