Од полноќ започнува предизборниот молк за прегласување за парламентарните избори

Од ноќеска на полноќ почнува предизборен молк поради одлуката да се прегласува за парламентарните избори на неколку избирчки места во ИЕ5 и ИЕ6, бидејќи таму според ДИК, но и одлуката на Управен суд регистрирани беа низа нерегуларности за време на изборите на 8-ми мај.

Ќе се преграсува во Долнени, Крушево, Струга, Охрид, Желино.

Кампањата за повторното гласање ќе трае до крајот на денешниот ден.Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови. Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати.Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби од Европскиот фронт, поднесени против решенијата на Државната изборна комисија поврзани со изборите одржани на 8 мај.

Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката оценувајќи дека е во согласност со волјата на граѓаните, а од „Европскиот фронт“ претходно обвинија за изборен инженеринг кој како што рекоа има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор.

Поврзани објави
Total
0
Share