Одобрена апанажа за 29 поранешни пратеници, претседателската пензија на Пендаровски во мирување

Вкупно 29 пратеници од минатиот пратенички состав ќе добиваат апанажа, односно плата од државата во висина на пратеничката, откако денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата им ги прифати барањата. Десет членови на Комисијата гласаа „за“, а против гласаше само пратеникот на Левица Борислав Крмов.Според информациите на Собранието, од списокот на пратеници кои поднесоа барање за апанажа, може да се забележи дека најголемиот број од пратениците се од опозициската партија СДСМ.

Најголемиот дел од пратениците побарале апанажа во траење од една година, а има и случаи каде биле побарани помалку месеци, односно некои ќе добијат апанажа од 9 месеци, 6 месеци и 6 дена, како и 2 месеци и 10 дена.Инаку, право на апанажа имаа 57 пратеници од минатиот состав. Рокот за поднесување барања на апанажа започна на денот на верификација на мандатите на членовите на новиот парламентарен состав 2024-2028, а завршува на 28 јуни.

Поврзани објави
Total
0
Share