Одлучувачки трет круг за избор на претседател на Уставен суд

Уставен суд денеска бира нов претседател кој ќе дојде на местото на Добрила Кацарска чиј тригодишен мандат завршува на 2-ри јуни и нема право на реизбор.

До сега се одржале два круга на гласање, но ниту една од двете кандидатки Ана Павловска Данева и Татјана Бозаџиева Васиќ не ги добила потребните шест гласови, односно две третини од гласовите на уставните судии.

Уставните судии не се кандидираат сами за претседател на судот, туку ги кандидира некој од останатите судии.

Сега треба да се спроведе и третиот круг на гласање, но тоа не е невообичаено во изборите на претседател на Уставнито суд. Досега имало повеќе искуства кога претседател на бил избран во првиот круг и имало ситуации кога било потребно уставните судии да гласаат повеќе пати.

Поврзани објави
Total
0
Share