Одлуката на Tаравари – реагираат Зиадин Села и пратениците на АА

“ВРИЕ“ ВО АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ

Како претседател на Централното Собрание на Алијансата за Албанците, до овој момент не сум информиран за каква било понуда за коалиција со која било друга политичка партија, пишува на Фејсбук, претседателот на Собранието на АА, Зиадин Села.

Од средбите што неодамна ги одржав со претседателите на ограноците и другите структури на партијата, Села пишува дека е информиран дека никој од нив не знае за писмена понуда врз основа на тоа што треба да се одлучи.

ЗИАДИН СЕЛА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА АА

“Поединецот, во овој случај претседателот на партијата не е орган за одлучување, бидејќи има право да предлага до органот што има право да одлучува, а тоа е Претседателството на партијата, кое во моментов има одлука и тоа е дека Алијансата за Албанците се натпреварува сама на изборите. Друг орган на одлучување е партиското собрание“.

Тенденциите за шверцување  на партијата за сметка на не знам кој, преку Фејсбук статус е сериозно кршење на Статутот на партијата за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи, пишува Зиадин Села.

ЗИАДИН СЕЛА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА АА

“Обидите да се разјасни ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука, е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките црти на Алијансата за Албанците.“

НЕ, благодарам!

Слободата на одлучување на членството не ја заменуваме за ништо, пишува на Фејсбук, пратеничката на АА, Илире Даути, која се чини дека е на  иста линија со претседателот на Собранието на АА, Зиадин Села.

ИЛИРЕ ДАУТИ, ПРАТЕНИЧКА, АА

“Се предлага во Претседателството и таму се носат одлуки, па доколку поминат тука, се доставуваат до Централното Собрание. Единствениот предлог што помина во Претседателството, за кој вие самите гласавте е: Алијанса за Албанците сама да излезе на избори. Толку многу зборувавте за демократијата и против диктатурата, вечерва го направивте спротивното. Да се зачува Алијансата за Албанците и нашите вредности што ги градевме со години“.

Чудна е комуникацијата на претседателот на партијата со партиските органи преку социјалните мрежи! – пишува на Фејсбук пратеникот на АА Елми Азири, кој како и неговата колешка Илире Даути се усогласува со Зиадин Села.

ЕЛМИ АЗИРИ, ПРАТЕНИК, АА

“Партиските органи се избрани легитимно! Нивната суспензија од социјалните мрежи не му служи на духот на Алијансата што ја изградивме! Понуди за коалиции досега не стигнале до партиските органи! Единствената одлука на раководството на партијата е дека Алијансата мора сама да излезе на избори!“

Реагираа и други пратеници на АА, но не со лични ставови. Халил Снопче ја сподели објавата на Арбен Таравари, додека Артина Ќазими ја сподели објавата на Зиадин Села./tvklan.mk

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share