Огромна експлозија во воена фабрика близу Москва (ВИДЕО)

Огромна експлозија се случи во фабриката за оптичко-механички погон „Загорск“ во близина на Москва. Фабриката имала договори со руското Министерство за одбрана и е дел од „Швабе Холдинг“, кој произведува термички слики, ласери за далечина. пиротехнички сретства и други слични производи. „Швабе холдинг“, пак, е дел од руската државна корпорација „Ростек“ која опфаќа околу 800 претпријатија, кои заедно формираат 15 холдинг компании, главно во одбранбено-индустрискиот комплекс.

Оваа конкретна фабрика во „Загорск“ веќе беше во пламен на 9 јуни 2022 година, како што пишува Defence Express, кога настана пожар на покрив од производствен простор.

Поради силна експлозија искршени се прозорците на соседните згради. По експлозијата е најавена целосна евакуација, додека на локацијата пристигнале воени сили и началникот на округот, пренесуваат руските медиуми. Рускиот медиум ТАСС пишува дека „човечкиот фактор“ бил причина за експлозијата. Самата експлозија наводно се случила во хангарот со пиротехнички средства.

Во исто време, рускиот Телеграмски канал Чека-ОГПУ тврди дека разговарал со вработените во една од работилниците кои велат дека нешто влетало во неа.

„Нешто полета. Прво се слушна свиреж, потоа светна светлината и експлозија… Таму беа [чувани] и магнезиум и барут“, изјави вработен.

Како што беше објавено, Украина изврши напад со дрон врз Москва неколку часа пред експлозијата, за кој московските власти тврдеа дека го одбиле. Исто така, неколку беспилотни летала ја нападнаа Москва на 30 јули и 1 август 2023 година, оштетувајќи една од зградите на руското Министерство за одбрана и висококатницата во градот Москва, каде што имаат канцеларии неколку руски министерства

Поврзани објави
Total
0
Share