ОБСЕ/ОДИХР: Денот на изборите севкупно е позитивен

Добро организирани, но извалкани со остра реторика – е оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на Парламентарното собрание на Советот на Европа за изборите што се одржаа вчера. Шефот на мисијата на Стразбур дури порача дека такво нешто не видел во Швајцарија, од каде што доаѓа, но тоа го препиша на краткиот стаж во демократијата.Според нив, гласачите имале простор за избор, но реториката станала многи негативна како се ближел денот на изборите. Набљудувачите очекувано забележаа дека финансиските срeдства обезбедени од државата за кампањата создале предност за одредени политички партии, со генерална забелешка дека во изборното законодавство има многу празнини и неконзистентности што оставаaт простор за мешање на политичките партии и добивањето несразмерно поголем пристап до медиумскиот простор и до сретствата.Дел од препораките на ОДИХР кои се однесуваат на системски недостатоци околу изборите, според оценката на шефицата на ОДИХР, Џилијан Стирк – биде игнорирани. Тие позитивно го оценија самиот процес со единствена забелешка дека забележале семејно гласање и дека некои портали добиле реклами само за да добијат пари. За самата политичка кампања рекоа дека била одбележана со политичко фрагментирање и етнички конфронтации.

Поврзани објави
Total
0
Share