Во текот на набљудувањето ќе се трудиме да забележиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ. Им посакуваме успех на гласачите во нивните следни постигнувања, изјави денеска специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе откако со шефот на мисијата на ПС на ОБСЕ, Карина Одебрик посетија гласачки места во ОУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Скопје.Тој посочи дека нивните активности се во рамки на заедничката мисија на Парламентарното собрание на ОБСЕ ОДИХР и Советот на Европа.„Тука сме во центарот на Скопје, вршиме набљудување на избирачко место во едно основно училиште. Исто така ќе вршиме набљудувања во целата држава, во рурални и урбани подрачја и сите наши забелешки и опсервации, ќе ги кажеме утре на прес-конференција во три часот“, најави Самхарадзе.Карина Одебрик, шеф на мисијата на ПС на ОБСЕ, информираше дека имаат над 300 набљудувачи, а од Парламентарното Собрание 56 набљудувачи од 25 земји.„Она што е важно при набљудувањето на изборите е дека ги собираме сите забелешки и опсервации и сите ги ставаме во една заедничка изјава“, појасни Одебрик.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57