О’Брајан во Белград: Косово да формира Заедница на општини со српско мнозинство

Американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан во Белград порача дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство „е од клучно значење за Србите во Косово да разберат каков ќе им биде нивниот живот“.

О’Брајан ова го изјави по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ на 20 април.

„Доколку постои загриженост дека меѓународната заедница не ја исполнува својата обврска да помогне во тоа, јас се надевам дека ќе направиме се што е во наша моќ да помогнеме и да го исполниме нашето ветување кон себе и кон другите“, рече тој.

Поврзани објави
Total
0
Share