Обид за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо, состојбата му е критична

Обид за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Бил застрелан со неколку куршуми додека се движел меѓу топла луѓе во градот Хандлова. Прегледи:1Објавил:Гоце Герасимовски15 мај 2024, 17:57СподелиСподелиВооружениот напаѓач испукал неколку куршуми, од кои најмалку три завршиле во телото на словачкиот премиер. 59-годишниот Роберт Фицо се бори за живот по обидот за атентат што ја крена на нозе Словачка. Нападот се случил во градот Хандлова, 150 километри од Братислава додека Фицо се поздравувал со политички приврзаници по завршување на владин состанок.Според медиумските извештаи, со повреди во стомакот, рацете и нозете Фицо со хеликоптер итно е пренесен на операција во блискиот град Банска Бистрица и е во критична состојба. Атентаторот, чиј идентитет не се открива е уапсен на самото место.Неофицијално, се работело за 71-годишник од југот на земјата, кој пред да отвори оган наводно му довикнал со прекарот Робо и го повикал да дојде кај него.Мотивите за нападот и профилот на напаѓачот не се познати.Шокирана сум и сите сме шокирани за она што се случи со премиерот Фицо. Физичкиот напад врз премиерот не е само напад врз човек, туки и врз демократијата. Полицијата го уапси напаѓачот и ќе излезе со информации што е можно поскоро., изјави Зузана Чапутова претседателка на СловачкаВеста за обидот за атентат со неверување беше примена и на собраниска седница.-Дами и господа, ја прекинувам седницата бидејќи имам информација дека е застрелан премиерот на Словачка. , изјави Лубос Блаха, потпретседател на словачкиот парламентБрутален и кукавички – со вакви зборови осуди стигнуваат од сите страни на светот. Првите луѓе на Европската унија, Мишел и Фон дер лајен нападот го нарекоа ужасен и шокантен напад кој со ништо не може да биде оправдан. Пораки со осуда и со поддршка за Фицо упатија и Столетненберг, Шолц, Зеленски и дузина други лидери.Фицо се смета за контроверзен популист, кој лани направи политички камбек и по четврти пат стана премиер и ја предводеше левичарската партија Смер. Од умерен политичар во минатото преку ноќ почна да застапува проруски и антизападни ставови. Вети дека на Украина нема да и испрати ни метак воена помош и ги критикуваше западните санкции кон Москва. Останува запаметен и како жесток противник на носењето маски и ковид-вакцините за време на пандемијата, како и жесток критичар на мигрантите и ЛГБТ заедницата.

Поврзани објави
Total
0
Share