Нормално кружење на автобусите во главниот град

ГРАЃАНИТЕ: ПОТРЕБНИ СЕ  ПОДОБРИ УСЛОВИ ВО АВТОБУСИТЕ

На автобуските чекални во Скопје денеска можеа да се забележат голем број граѓани кои чекаат да патуваат. Откако советниците на Град Скопје изгласаа за субвенциите за платите на вработените во Претпријатието за Јавен Сообраќај, автобусите возите по редовниот распоред. Сепак, граѓаните велат дека денеска не чекале долго, но има многу од автобусите кои немаат добри услови.

“Условите се катастрофа, валкани се, прозорците се валкани, не можете да ја видите станицата каде што треба да се симнете. Ова е нешто страшно, вака никогаш не било“.

“Да, денеска да. Видете, овој проблем не е од сега, одамна е, бидејќи како прво не се хигиенски, мислам дека за сето тоа придонесуваме и ние патниците“.

“Да, вчера немаше, но сега почнаа редовно да доаѓаат. Не е во ред ние вработените да плаќаме такси за да стигнеме до работното место, иако однапред даваат пари за месечни автобуски билети, но не е во ред и тие да возат без пари“.

“Условите треба да бидат подобри“.

“Условите се добри во државните автобуси. Во приватните не толку.“

Вработените во ЈСП вчера протестираа поради неисплатени плати за месец декември. После тоа, советот на Град Скопје гласаше за субвенции во висина од 11 милиони евра за ЈСП – Скопје./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share