Нови 46 случаи на голема кашлица за една недела, девет лица се хоспитализирани

Најголем број на новозаболени со пертусис или црна кашлица има во Скопје, следат Битола и Куманово, додека по еден случај има пријавено во Тетово, Крива Паланка, Прилеп и во Струмица. Ова се последните податоци што ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), каде се евидентирани 46 нови случаи. Тоа е зголемување за 4,6 отсто во однос на претходната недела.Вкупно до сега, од појавата на првиот случај, од пертусис заболеле 489 луѓе.„Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи“, пишува во Извештајот на ИЈЗ.

Најголем број лица живеат во Скопје – 392 (80,2%) со зафаќање на седумнаесет различниопштини. Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 27 заболени лица (5,5%), аслучаи се пријавени и во други 15 градови низ државата.

Поврзани објави
Total
0
Share