НОВИНАРИТЕ ЗА КЛАН ДЕБАТА:Скандалот со лажната анкета нарачана од ВМРО ДПМНЕ мора да се расветли и истражи

Во вечерашната емисија Клан дебата со Љубиша Николовски, новинарите дискутираа за аферата со анкетата на ИПИС нарачана од ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на Здружението на новинари на Македонија,Младен Чадиковски порача случајот да се расчисти докрај со цел да не останат црни дамки на изборниот процес.

,, За очекување е кампањата да почнеше и поминеше без отровни стрели на партиите.  Со серизоно внимание расправавме во ЗНМ за ова. Мора да му дадеме шанса на ова општество да препознае што навистина се случувало.Ова  не смее да  остане неистражено и неразјаснето.Сите колеги новинари треба да придонесат да се расветли овој случај и  да не останат црни дамки.Јас сум убеден дека за разлика од претходно слободата на медиумите е многу подобра од претходно”,рече Чадиковски.

Столе Наумов, уредник во Канал 77 е изненаден и од МТВ која треба да го креира јавното мислење. Тврди дека медиумската клима и атмосфера е различна во однос на порано.

,,Ова што се случува  е страшно, која е целта? Вакви подземни работи се правеле порано. Секоја партија има списоци за гласачите. СДСМ со ова може да ги мобилизира гласачите и да покаже дека анкетите немаат за цел да истражуваат туку да креираат јавно мислење.МТВ која е треба да има широк диапазон на гледаност, делува .Ние сме навикнати на многу работи во политиката, но ми делува шокантно некој да ја користи маката на болните и изнемоштени лица кои биле таргет на анкетата,”потенцира Наумов.

Зоран Бојаровски, новинар и уредник на порталот Рацин укажа на фактот дека се повторуваат некакви слики и феномени кога станува збор за ВМРО ДПМНЕ, креирање на  позадински тела или дувла во оперативниот план за пласирање на лажни анкети.

,,Она што дополнително загрижува е што таму има определно луѓе кои ќе се занимаваат со базите на податоци,подготовка за позадинско делување во кампањата.Почна да се создава лажна перцепција за главните политички актери.Ова е намерно креирано за изборите“,рече Бојаровски.

Колумнистот, Никола Тасев пак рече дека  ако навистина ВМРО ДПМНЕ го направило ова или ако СДСМ ова го исконструирала како лажна вест, нема никој  да признае. Ако е точно, тоа е за осуда, но не знаеме дали е точно.Најдобриот одговор според него ќе го добие народот на денот на изборите.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share