Нова демократија на Мицотакис победи на евроизборите во Грција

Со 28,3 отсто од гласовите и седум места во Европскиот Парламент, владејачката Нова демократија победи на вчерашните евроизбори во Грција, меѓутоа актуелниот грчки премиер рече дека партијата не ја постигна поставената цел, бидејќи резултатот е послаб од оној на претходните евроизбори кога партијата имаше поддршка од 33 отсто.

Според конечните резултати, СИРИЗА е на втората позиција со 14,92 отсто и четири пратенички места, а ПАСОК на третата со 12,79 проценти и тројца европратеници.

Грција гласаше за 21 европратеник, а вкупно осум партии успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто, неопходни за да обезбедат место во Европскиот Парламент.

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис пак истакна дека по ланскиот пораз, сега партијата успеа, разликата со Нова демократија од 23 да ја намали на 13 отсто.

Поврзани објави
Total
0
Share