Нетанјаху им соопшти на американските републикански сенатори дека војната во Газа ќе продолжи

epaselect epa10945791 Israel’s Prime Minister Benjamin Netanyahu addresses a press conference in The Kirya military base in Tel Aviv, Israel, 28 October 2023. EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на американските републикански сенатори дека неговата земја ќе продолжи со напорите да ја победи палестинската терористичка група Хамас во Појасот Газа.

Нетанјаху синоќа разговараше со републиканците преку видео врска речиси една недела откако лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер одржа говор во кој го осуди израелскиот премиер како „пречка за мирот“ и повика на нови избори во Израел.

Нетанјаху „ќе го направи тоа што рече дека ќе го направи. Ќе го заврши“, им рече на новинарите сенаторот Џим Риш по видео-разговорот со израелскиот лидер.

„Побаравме од него актуелни информации за војната, за ослободувањето на заложниците и за напорите да се победи Хамас.

Му рековме дека Израел има целосно право да се брани, а тој посочи дека токму тоа ќе продолжат да го прават “, истакна сенаторот Џон Барасо. ссм/фото: архива .

Поврзани објави
Total
0
Share