Ноќеска на полноќ, стартува кампањата за 11-тите парламентарни избори. Станува збор за редовни парламентарни избори на кои се пријавени вкупно 17 политички партии и коалиции.Очекувано, главната битка ќе ја водат коалициите кои ги предводат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ додека интересна битка се очекува и во албанскиот блок каде силите ќе ги одмерат претставниците на опозицскиот блок собрани во коалицијата Вреди кои ќе му се спротивстават на ДУИ, кои пак прв пат во историјата на избори настапуваат во предизборна коалиција.Шанса за пратенички места во Собранието имаат и Левица и партијата на Максим Димитриевски, додека останатите политички партии и листи во изборниот процес влегуваат со прилично ниски изгледи дека ќе обезбедат место во Собранието.За прв пат во овој изборен процес, кампањата за парламентарните избори ќе трае во текот на молкот за Претседателските избори. Владата вчера донесе одлука со која и 24 април и 8 мај ги прогласи за неработни денови за сите граѓани дополнувајќи дека истите нема дополнително да бидат одработувани.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57