На ГП „Блато“ запленети ракија, маслиново масло и планински чај, возачот го пријавил возилото како празно

Во патничко моторно возило со дански регистарски таблици на граничниот премин Блато на македонско-албанската граница, вчера се пронајдени непријавени производи.

Лицето К.С. го пријавило возилото како празно, а по извршен преглед во багажот на задниот дел пронајдени се 59 литри маслиново масло во четири канти, 19 литри бела домашна ракија во осум шишиња и 7,5 килограми планиниски чај спакуван во 21 најлонска ќеса.

Од Царина информираат дека вредноста на привремено задржаната стока изнесува 28.560 денари, а вредноста на избегнатите давачки изнесува 11.873 денари.

Против К.С. е поведена соодветна постапка.

Поврзани објави
Total
0
Share