Најмалку седум лица загинаа при превртување цистерна во близина на Јапонија

Најмалку седум лица загинаа кога танкер, кој превезувал хемикалии и пловел под јужнокорејско знаме, се превртел во близина на западниот брег на Јапонија, а во тек е потрага по уште двајца членови на екипажот, објави јапонската јавна телевизија NHK повикувајќи се на јапонската крајбрежна стража.

NHK соопшти дека танкерот бил закотвен поради лошото време и повикал помош доцна во вторникот додавајќи дека на бродот имало 11 члена на екипажот, меѓу кои осум Индонезијци, двајца Јужнокорејци и еден Кинез, а двајца членови на екипажот биле спасени.

Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, а не е откриено дека хемикалијата била истурена, објави „Ројтерс“.

Поврзани објави
Total
0
Share