Најмалку две лица се повредени во вооружениот инцидент во Арачиново

Според неофицијални информации,две лица се повредени попладнево во вооружен напад во Арачиново кога врз нив било пукано од огнено оружје.Цел на нападот бил градоначалникот Ридван Ибрахими при што биле испукани околу 20 куршуми со кои биле повредени Ештреф Селими и Аднан Ајдини.

Повредените се пренесени на скопските клиники и се подложени на оперативни процедури.

Лицата кои пукале со автомобил марка голф побегнале кон патниот правец Куманово.

Полицијата е присутна на теренот и работи на расчистување на случајот.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share