Народниот правобранител реагира на недонесувањето на измените и дополнувањата на Законот за Народен правобранител

Со недонесувањето на измените и дополнувањата на законот, се додава во соопштението, Народниот правобранител на Република Северна Македонија остана единствена институција во регионот без стаус А, со што пак директно и се наштетува на нејзиниот углед и можноста за поголем ангажман во сите меѓународни организации каде членува. Со оглед дека се уште постои можност да работи, како што стои во соопштението, Народниот правобранител апелира до Собранието да ја продолжи 149 седница и да биде разгледан и донесен дополнетиот предлог Законот за изменување и дополнувањата на Законот за народниот правобранител.

Години наназад, се подвлекува, државата преку надлежните институции имала обврска да создаде и законски претпоставки Народниот правобранител да може да биде Национална институција за заштита на човековите слободи и права, со стаус А бидејќи тоа произлегува и од повеќе меѓународни документи.

– Впрочем, минатото лето во посета на земјата беше и делегација на Европската мрежа на национални институции за заштита на човековите слободи и права (ENHRI), која заради донесување на измени на законот во оваа насока и имплементација на таканаречените Париски принципи, кои се меѓународно утврдени стандарди усвоени од Комисијата за човекови права при Организацијата на Обединетите нации, се сретна со сите релевантни чинители. Овие принципи, пред се, ги дефинираат мандатот и надлежноста на националната институција за човекови права, нејзиниот состав и правната, оперативната и финансисиката автономија/независност, појаснуваат од Канцеларијата на Народниот праовбранител.

Со законските измени, исто така, се предвидувала и можност Народниот правобранител да ги врши мандатите за следење на спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на ООН и Факултативниот протокол и да дејствува како Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција.

– Овие два мандата институцијата со години ги врши без законска основа, а по барање на владата и нејзино ветување дека истите приоритетно ќе бидат законски нормирани бидејќи државата мораше да определи институција која ќе ги врши овие два мандата, согласно меѓународно прифатени обврски од ООН и Советот на Европа. Притоа, воопшто и не треба да се потсетува дека сите омбудсман институции во регионот ги изменија своите закони во оваа насока, се вели во соопштението.

Поврзани објави
Total
0
Share