Нападот со нож на свештеникот во црквата во Сиднеј е прогласен за терористички акт

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Менс, потврди дека властите го третираат нападот со нож врз свештеникот и верниците во црквата Вејкли како терористички чин.

– Ова е голема и сериозна кривична истрага – рече Минс.

Свештеникот Мари Емануел и најмалку четири лица беа повредени во напад со нож, кој се случи вчера, кога млад човек облечен во црно се приближил до олтарот и неколку пати го избодел бискупот.

Првичните извештаи сугерираат дека уште најмалку две лица, исто така, биле избодени со нож во конфронтацијата што следела со напаѓачот.

Нападот во црквата доведе до конфликт надвор од црквата поради гневот на верниците, кои потоа се судрија со полицијата.

Полицијата соопшти дека уапсила 15-годишно момче на местото на настанот и биле принудени да го држат во црквата во Вејкли, предградие на околу 30 километри западно од центарот на Сиднеј, поради неговата безбедност, откако толпата се собрала надвор барајќи напаѓачот да биде изваден надвор.

Поврзани објави
Total
0
Share