Нападната американската Амбасада во Берјут

Три лица со огнено оружје денеска пукале кон американската амбасада во Бејрут при што е повреден припадник на обезбедувањето.

Либански портали пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен, друг е ранет, а во тек е потера по третиот.Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и оти повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час.Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот не бил повреден за време на нападот. 

Поврзани објави
Total
0
Share