Над 60 000 работници ќе добијат покачување од 2400 денари од следниот месец-минималецот е зголемен

На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои утврдување на висината на минималната плата,  имплементацијата на работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година, Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година и Информација за учество на Меѓународната конференција на трудот во Женева во месец јуни 2024 година.

По однос на минималната плата, согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот по основ на просечно исплатената нето плата е 14,9% според соопштението бр.4.1.24.16 од 22.02.2024 година на Државниот завод за статистика, а порастот на индексот на трошоците на живот изнесува 9,4% според податоци на Државниот завод за статистика објавени со соопштение 4.1.24.02 од 09.01.2024 година.

Согласно членот 4 од Законот за минималната плата за 2023 година треба да се усогласи:

50 % од 14,9% = 7,45 %

50 % од 9,4 % = 4,70 %

7,45 % + 4,70 % = 12,15 % при што

минималната плата за 2023 година во износ од 29 739 денари, усогласена, односно зголемена за 12,15 % ја дава минималната плата за 2024 година, односно истата изнесува

29,739 + 12,15 % = 33 352 денари во бруто износ и 22 567 денари во нето износ.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share