Надвор од планираниот дневен ред, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром го „протнаа“ спорниот ДУП во Лисиче- граѓаните на протест

Без пренос на седницата и со дополнување на дневниот ред, општина Аеродром на вчерашната седница на Советот го усвои Деталниот урбанистички план ЈИ09 блок 09.01. за дел од населбата Лисиче. Станува збор за спорниот план на булевар Србија во близина на кулите Џевахир.

Граѓаните веќе протестираа неколкупати поради носењето на претходниот ДУП поради што општината го повлече и го доработи. Наместо 9 висококатници сега е планирана една зграда со габарит на 12-катница.На вчерашната седница, овој ДУП воопшто не бил планиран за разгледување. Но, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ од 16 советници ја изгласале точката на дневниот ред и го усвоиле ДУП-от.

Опозиционите партии во советот обвинуваат за шверцерски потег на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски.

Од општина Аеродром пак велат дека се е донесено транспарентно и во согласност со забелешките на граѓаните. Тврдат дека со новиот ДУП се предвидени и паркови и зеленило, а се решаваат и проблемите на жителите кои живеат во тој дел на Аеродром.-Изработката на деталниот урбанистички се реализираше транспарентно и во неколку фази, со вклученост на граѓаните и експертската јавност.Дополнително, ДУП-от за дел од населбата Лисиче доби позитивно мислење од сите надлежни институции, вклучително Министерството за транспорт и врски, Министерство за животна средина, Градот Скопје и сите надлежни институции, велат од Аеродром и тврдат дека целосно се неточни тврдењата за наводна бетонизација кои се дел од дневно политичките интереси на деструктивни и несериозни политички структури.

Поврзани објави
Total
0
Share