Навреме отворено избирачкото место 1272 во Охрид, до 9 часот гласале 54 лица

Во 7 часот утрово беше отворено избоирачкото место. Гласањето тече непрекинато без никакви проблеми. Излезеноста до 9 часот е 54 гласачи. Во ова избирчако место во избирачкиот список се запишани 711 гласачи и едно лице во посебниот избирачки список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување. Вчера за гласање беа пријавени две болни и изнемоштени лица од кои правото на глас го оствари едно лице, информираат од ОИК Охрид.

Процентуално излезеноста на ова избирачко место до 19 часот на изборите одржани на 8-ми мај беше 63%.

Денес прегласување се спроведува и на избирачките места 2101 во Желино, 1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 11470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга.

Поврзани објави
Total
0
Share