МBP: По 12 февруари нема казни, но нема ниту патувања во странство!

Рокот за промена на личните документи е до 12 февруари, но не сите граѓани успеаја да ги сменат личните документи поради големите гужви пред шалтерите на МВР, каде што се издаваат нови документи.

Поради оваа причина, МВР соопшти дека доколку граѓаните не успеале да го почитуваат овој рок, нема да бидат казнети, но нема да можат да патуваат во странство.

Исто така, Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега поголемиот број граѓани на Република Македонија ја исполниле обврската и добиле лични документи со новото уставно име.

Исто така, властите најавија дека ќе побараат од Грција да го одложи рокот за важност на документите со старото име на државата, бидејќи, како што рекоа, РСМ нема капацитет да ги смени сите документи на граѓаните за кратко време./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share