Муцунски :Прво ќе се смени Законот за државна управа, па ќе се формира новата влада

Блиску сме до договор со ВРЕДИ, не можам да кажувам детали, но извесно е дека сме блиску до конечен договор и дека до крајот на јуни ќе има нова влада, порача вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски. Нагласи дека комуникацијата дали и ЗНАМ ќе биде дел од новата влада не треба да се води преку јавноста, зашто, како што рече, на тој начин може процесот да води во неуспех, но сепак потврди дека се работи да има и двотретинско мнозинство за клучни теми.

Извесно е дека ќе имаме повеќе од 70 пратеници, постои можност владината коалиција да има и 80, но во следниве денови ќе видиме како ќе изгледа тоа. Со ВРЕДИ, евентуално и со ЗНАМ има двотретинско мнозинство. Целта е да се изврши промена на Законот за организација и работа на органите за државна управа пред да се формира новата влада. Тоа беше едно од нашите ветувања, бидејќи со тоа ќе правиме модернизација во владата, а со тоа и искоренување на огромен број непотребни институции кои не покажале ефикасност и затоа мислам ќе постигнеме голем консензус, рече Муцунски.

Поврзани објави
Total
0
Share