Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе има нов претседател

Македонија ќе има нов претседател, цензусот е исполнет, а отворениот бојкот на ДУИ не успеа, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

 Елитите на власта се поразени од народот, но денес излегоа на виделина сите игри на власта. Предупредувавме на сценариотот дека ДУИ посакува криза и сака да се факторизира преку бојкот. Добра вест е што ДУИ изгуби двојно, бојкотот не е успешен, а ДУИ оди во опозиција.

Народот денес излегуваше на избори да си ја врати Македонија: Македонци, Албанци, Срби, Роми и Бошњаци гласаа да си го вратат системот. Денешниот ден помина во генерално мирна атмосфера, но се забележани поединечни нерегуларности.

Неколку функционери на владејачката партија се фатени како прават притисоци и го рушат гласачкото право. Институциите мора да бидат на задача и да се примени правото.

На крај, благодарност за огромната доверба и благодарност за тоа што се случи народ.

Очекуваме одличен резултат и сосема извесно е дека Силјановска-Давкова дека ќе биде идниот претседател на Македонија – рече Муцунски.

Поврзани објави

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давковa соопштија дека таа денеска остварила телефонски разговор со претседателот на Украина,…
Повеќе

Силјановска Давкова: Нека подвигот на светите браќа бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители…
Повеќе
Total
0
Share