МОН ги објави резултатите за стипендии за магистерски студии – доделени 34 од предвидените 50 стипендии

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии за академски студии од втор циклус за академската 2023/2024 година.

Од МОН предвидоа 40 стипендии за студенти на природно-математичките науки, а 10 за општествените науки. Но, од предвидените 50, доделени се вкупно 34 стипендии.

Од министерството инаку предвидоа и 15 стипендии за студентите на докторски студии во висина од 18.000 денари, но резултатите сè уште не се објавени.

    Поврзани објави
    Total
    0
    Share